Нов Завет

1 Солунјаните 5:13-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. искрено да ги почитувате и да ги сакате заради тоа што го работат. Ве молиме да не се карате.

14. Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите.

15. Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе.

16. Бидете секогаш радосни,

17. постојано молете се.

18. Што и да ви се случува прифаќајте го со благодарност, зашто така вие што Му припаѓате на Исус Христос ја исполнувате Божјата волја.

19. Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух.

20. Немојте да ги занемарувате пророштвата.

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 5