Нов Завет

1 Солунјаните 4:3-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Бог сака вие да бидете свети - да се чувате од блуд.

4. Секој треба да умее да го контролира своето тело, за да биде свето и за почит.

5. Немојте да им робувате на вашите необуздани страсти, како што прават луѓето што не Го познаваат Бога.

6. Во однос на ова прашање, никако не смеете да мамите и искористувате други христијани! Потсетете се, веќе ве предупредивме дека Господ ќе го казни секој што така прави.

7. Бог не ве одбра за да живеете валкан живот, туку за да бидете свети.

8. Секој што не се придржува кон ова, не е непослушен спрема нас, туку спрема Бог, спрема Оној што ни Го дава Својот Свет Дух.

9. Нема потреба да ви пишувам дека треба да се сакате еден со друг. Самиот Бог веќе ве научи како да се сакате,

10. и вие веќе ја покажавте својата љубов спрема сите христијани во цела Македонија. Сакам само да ве охрабрам, драги пријатели, таа љубов кај вас уште повеќе да расте.

11. Трудете се да живеете тивко, да си ја гледате својата работа, да си заработувате за живејачка, како што и ве учевме.

12. Така и тие што не се христијани ќе ве почитуваат, а вие нема да зависите од никого.

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 4