Нов Завет

1 Петар 5:8-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Бидете трезвени и постојано на штрек! Внимавајте! Вашиот непријател, Ѓаволот, како разјарен лав обиколува и си бара жртва за растргнување.

9. Спротивете му се, без да се колебате во верата. Вие знаете дека христијаните во целиот свет минуваат низ истите страдања!

10. Во Својата љубезност, Бог ве повика, преку Исус Христос, да бидете дел од Неговата вечна слава. Откако кратко време ќе истрпите, Тој ќе ве усоврши, ќе ве поткрепи, ќе ве направи цврсти и непоколебливи.

11. Тој владее над се, сега и за вечни времиња. Амин.

12. Ова кратко писмо ви го пишувам со помош на Силван, кого го сметам за верен брат. Сакав да ве охрабрам и да ве уверам дека ја имате Божјата благонаклоност.

13. Ве поздравува вашата сестринска црква од Рим. Ве поздравува и Марко. Тој ми е како син.

14. Поздравете се меѓусебно со искрени изрази на христијанска љубов. На сите што сте Христови следбеници ви посакувам мир. ( Амин.)

Прочитајте целосна глава 1 Петар 5