Нов Завет

1 Петар 5:12-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Ова кратко писмо ви го пишувам со помош на Силван, кого го сметам за верен брат. Сакав да ве охрабрам и да ве уверам дека ја имате Божјата благонаклоност.

13. Ве поздравува вашата сестринска црква од Рим. Ве поздравува и Марко. Тој ми е како син.

14. Поздравете се меѓусебно со искрени изрази на христијанска љубов. На сите што сте Христови следбеници ви посакувам мир. ( Амин.)

Прочитајте целосна глава 1 Петар 5