Нов Завет

1 Петар 3:9-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Не враќајте зло за зло, ниту навреда за навреда. Напротив, дури и во такви ситуации бидете љубезни со луѓето и посакувајте им благослов. Токму заради тоа Бог и ве одбра и тоа е она што Тој го очекува од вас. Така ќе го добиете Неговиот благослов.

10. „Човек што си го сака животот и сака да доживее многубројни и среќни дни, нека си го варди јазикот од зла дума и усните од лага.

11. Од злото настрана нека се држи добро нека прави, кон мир нека се стреми и за мир нека работи.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 3