Нов Завет

1 Петар 3:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Вие, мажите, треба да бидете внимателни спрема своите сопруги. Тие не се толку силни како што сте вие. Почитувајте ги затоа што и тие, заедно со вас, ќе го наследат Божјиот милостив подарок - вечниот живот. Само така вашите молитви нема да бидат попречувани.

8. На крајот, како заклучок, сите бидете сложни, сочувствителни еден спрема друг, сакајте се, бидете љубезни и понизни.

9. Не враќајте зло за зло, ниту навреда за навреда. Напротив, дури и во такви ситуации бидете љубезни со луѓето и посакувајте им благослов. Токму заради тоа Бог и ве одбра и тоа е она што Тој го очекува од вас. Така ќе го добиете Неговиот благослов.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 3