Нов Завет

1 Петар 3:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. „Човек што си го сака животот и сака да доживее многубројни и среќни дни, нека си го варди јазикот од зла дума и усните од лага.

11. Од злото настрана нека се држи добро нека прави, кон мир нека се стреми и за мир нека работи.

12. А Господ бдее над праведниците и благонаклоно им ги слуша молитвите, додека спрема оние што вршат зло Господ го упатува Својот прекорен поглед.“

13. Ако ревносно правите добро, кој ќе ви напакости?

Прочитајте целосна глава 1 Петар 3