Нов Завет

1 Петар 1:18-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Вие знаете каква цена беше платена за да бидете откупени од безвредниот начин на живеење што го имавте наследено од вашите татковци. Знаете дека не бевте откупени со сребреници и златници, кои се потрошни нешта,

19. туку со скапоцената крв на Христос, безгрешното, совршено Божјо Јагне.

20. Бог Него Го одбра за оваа цел уште пред создавањето на светот, но дури сега, во овие последни времиња, Го испрати на Земјата заради вас.

21. Преку Христос вие поверувавте во Бог, во Оној што Го воскресна од мртвите и Го прослави. Затоа можете со целосна доверба да ја положите својата надеж во Бог.

22. Сега, откако и се покоривте на вистината, ги исчистивте своите души. Од тоа произлезе искрена, братска љубов меѓу вас. Затоа, сакајте се меѓусебно искрено и од се срце.

23. Сакајте се затоа што сега сте наново родени, не од земни родители, кои би ви ја пренесле и смртта, туку од бесмртниот Родител, преку живиот и вечен Божји Збор.

24. Светото Писмо вели: „Секој човек е како трева, а секоја човечка слава и убавина се како цвеќе во ливада; тревата се суши, цвеќето венее,

Прочитајте целосна глава 1 Петар 1