Нов Завет

1 Коринтјаните 9:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Зар јас и Барнаба немаме право на храна и вода во вашите домови?

5. Зар ние немаме право да се ожениме со христијанки и да ги водиме со нас, како што прават другите апостоли, браќата на Господ, па и Петар?

6. Зар само јас и Барнаба мораме самите да се издржуваме додека проповедаме?

7. Кој војник сам си ги плаќа трошоците на своето служење? Кој одгледува лозје, а не јаде од неговиот род? Кој пасе овци, а не пие млеко од нив?

8. Не го зборувам тоа само од човечка гледна точка. Зар и Божјиот Закон не го вели истото?

9. Во Мојсеевиот Закон е запишано: „Не врзувај му ја устата на добитокот што врши жито.“ Бог сигурно не мисли тука првенствено на добитокот.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 9