Нов Завет

1 Коринтјаните 9:23-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Сето тоа го правам за да се шири Радосната вест, па и јас да уживам во благословите што таа ги носи.

24. Знаете дека на трката трчаат сите натпреварувачи, но само еден ја добива наградата. И вие треба да трчате со цел да победите!

25. Секој атлетичар се одрекува од многу нешта, за да добие награда што нема долго да вреди, а нашата награда вечно ќе вреди.

26. Јас не трчам кон нешто неизвесно, не удирам во празно,

27. туку го вежбам моето тело на издржливост и го обуздувам, за да не се случи, додека им проповедам на другите, самиот да испаднам од трката.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 9