Нов Завет

1 Коринтјаните 9:22-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Кога сум со сиромаси и јас живеам како нив, па и нив да ги доведам кај Христос. Кон сите се сообразив, сите начини ги применив за да спасам некои од нив.

23. Сето тоа го правам за да се шири Радосната вест, па и јас да уживам во благословите што таа ги носи.

24. Знаете дека на трката трчаат сите натпреварувачи, но само еден ја добива наградата. И вие треба да трчате со цел да победите!

25. Секој атлетичар се одрекува од многу нешта, за да добие награда што нема долго да вреди, а нашата награда вечно ќе вреди.

26. Јас не трчам кон нешто неизвесно, не удирам во празно,

27. туку го вежбам моето тело на издржливост и го обуздувам, за да не се случи, додека им проповедам на другите, самиот да испаднам од трката.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 9