Нов Завет

1 Коринтјаните 6:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога меѓу двајца христијани има некој спор, им прилега ли случајот да го изнесуваат пред световен суд, наместо да побараат помош од други христијани?

2. Зар не знаете дека еден ден, ние, христијаните, ќе му судиме на овој свет? Ако вие треба да му судите на целиот свет, зарем не сте способни да разрешите дури и најситен меѓусебен спор?

3. Зар не знаете дека ние, христијаните, ќе им судиме дури и на ангелите? Тогаш, колку полесно треба да ги разрешуваме овоземните несогласувања!

4. Кога спорите за најобични, секојдневни работи, зошто одите да се судите пред луѓе кои црквата воопшто не ги цени!?

5. Треба да се засрамите што сум принуден да ви го кажувам ова! Нема ли меѓу вас христијаните барем еден мудар човек кој би можел да пресудува во вашите меѓусебни спорови?

6. Туку дозволувате еден христијанин да се суди со друг христијанин, и тоа пред суд на неверници!

7. Самото тоа што вие воопшто се тужите еден со друг, несомнено претставува пораз за вас. Зошто не истрпите, макар и да сте онеправдани? Зошто не ја прежалите штетата што евентуално ви е нанесена?

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 6