Нов Завет

1 Коринтјаните 5:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Јавено ми е дека кај вас има некој човек што живее во блуд, и тоа таков блуд каков што нема ни меѓу паганите: блудство со својата маќеа!

2. А вие, наместо да жалите - се гордеете! Треба да го отстраните од вашата средина тој што прави такво нешто!

3. Иако јас сум физички отсутен, со духот сум меѓу вас. Јас веќе пресудив за тој што направил такво нешто, исто како да сум присутен.

4. Треба да се соберете во името на нашиот Господ Исус Христос, а со вас ќе биде и мојот дух, па со силата на нашиот Господ Исус Христос,

5. да го исклучите тој човек од црквата, препуштајќи го во рацете на Сатаната! Така тој телесно ќе биде казнет, за да биде спасен неговиот дух на Денот кога Господ ќе се врати.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 5