Нов Завет

1 Коринтјаните 4:1-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Мене и Аполос треба да не сметате за Христови служители на кои им е доверено да раководат со Божјите тајни.

2. А од секој раководител се бара верно да ги извршува поставените задачи.

3. Малку ми значи вашата оценка за мене, или оценката од други луѓе. Јас дури ни самиот не се оценувам.

4. Навистина, совеста ми е чиста, но и тоа не е доволно за да ме оправда. Господ е Тој што ќе ме оценува.

5. Затоа, за ништо не донесувајте конечен суд предвреме, пред да дојде Господ. Тој ќе го изнесе на виделина она што за нас е скриено и невидливо и ќе ги обелодени мотивите на секое срце. Тогаш Бог секого ќе го пофали толку колку што заслужил.

6. Драги пријатели, се посочив себеси и Аполос како пример, за да научите што значи поговорката: „Ништо повеќе од она што е напишано во Светото Писмо!“ Не треба да се вообразите, приклонувајќи се кон еден од нас, а понижувајќи го другиот.

7. Што ти дава за право да се сметаш за повреден од другите? Што е тоа што го имаш, а да не си го добил од Бога? А ако тоа што го имаш си го добил од Бога, зошто се фалиш со тоа? Зар не се работи за подарок?

8. Веќе се заситивте, се збогативте, и без нас си создадовте свое царство. Камо навистина да создадевте царство, па и ние ќе можевме да владееме заедно со вас!

9. Понекогаш ми се чини дека нас апостолите Бог не поставил последни, како осуденици на смрт, јавно изложени на приказ пред целиот свет - и пред ангелите и пред луѓето!

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 4