Нов Завет

1 Коринтјаните 3:11-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Никој не смее да поставува друг темел, зашто тој е веќе поставен, а тоа е Исус Христос!

12. Врз тој темел, некој ќе ѕида со злато, со сребро или со скапоцени камења, а друг со дрво, со сено или со слама.

13. Но ќе дојде ден, кога сечие дело ќе излезе на видело! Секое дело, на секој христијанин, ќе биде проверено низ оган, за да му се утврди вистинската вредност.

14. Ако делото издржи, градителот ќе добие награда;

15. ако, пак, делото изгори, градителот ќе се соочи со голема загуба. Ќе се спаси, но како некој што поминал преку оган!

16. Зар не сфаќате дека вие сте Божјиот храм и дека Божјиот Дух живее во вас?

17. Ако некој го урива Божјиот храм, Бог него ќе го разурне, бидејќи Божјиот храм е свет. Тој храм сте вие, христијаните.

18. Никој нека не се залажува! Ако некој од вас се смета за мудар според мерилата на овој свет, треба да се ослободи од таквата самоувереност, за да може да стане мудар според Божјите мерила.

19. Зашто мудроста на овој свет е рамна на лудост пред Бог! Во Светото Писмо пишува: „Бог ги лови самоуверените мудреци во стапицата на нивното сопствено лукавство!“

20. И на друго место: „Господ им ги знае плановите на мудрите, знае дека во нив нема вредност!“

21. Затоа, никој да не се фали со човек! Вам ви припаѓа се:

22. и Павле, и Аполос и Петар, и целиот свет; и животот и смртта, и сегашноста и иднината - се ви припаѓа вам,

23. а вие Му припаѓате на Христос, а Христос Му припаѓа на Бог. Одговорната задача на апостолите

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 3