Нов Завет

1 Коринтјаните 2:13-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Кога ви зборуваме за овие работи, ние не користиме зборови на човечка мудрост, туку зборови што ни се дадени од Божјиот Дух, Кој духовните работи ги објаснува со духовен речник.

14. Луѓето кои не се препородени од Божјиот Дух не можат да ги разберат вистините што доаѓаат од Божјиот Дух, и затоа не ги прифаќаат. Ним сето тоа им изгледа неразбирливо, а тоа е затоа што духовните работи можат да се разберат само со помош на Божјиот Дух.

15. А луѓето кои се препородени од Божјиот Дух се способни се да разберат, иако самите нив другите луѓе не можат да ги разберат.

16. Како што рекол пророкот Исаија: „Кој ги знае мислите на Господ? Кој Му е советник на Господ?“ А нам ни е даден Христовиот ум и затоа можеме да ги разбереме овие работи.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 2