Нов Завет

1 Коринтјаните 16:6-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување.

7. Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време.

8. Ќе останам во Ефес се до Духовден,

9. зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.

10. Ако дојде Тимотеј, погрижете се да му обезбедите спокоен престој кај вас, бидејќи и тој работи за Господ, како што работам и јас.

11. Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.

12. Во врска со братот Аполос, јас многу го молев да дојде кај вас, заедно со другите браќа христијани, но тој не сакаше да тргне кај вас сега. Ќе дојде тогаш кога ќе има можност.

13. Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате; бидете храбри и силни.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 16