Нов Завет

1 Коринтјаните 16:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Ако можам да појдам и јас, ќе отпатуваме заедно.

5. Ќе дојдам кај вас откако најпрво ќе ја посетам Македонија, зашто планирам да патувам преку Македонија.

6. Ќе останам кај вас извесно време, можеби и целата зима, а потоа ќе ме испратите на моето следно патување.

7. Не сакам да ве посетам сега, само на минување, туку сакам, ако Господ допушти, да останам кај вас извесно време.

8. Ќе останам во Ефес се до Духовден,

9. зашто за мене овде се отвори широко поле за работа и се надевам на успех, иако има и многумина што ми се противставуваат.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 16