Нов Завет

1 Коринтјаните 16:14-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Се што работите нека биде со љубов.

15. Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните.

16. Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.

17. Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас.

18. Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.

19. Ве поздравуваат црквите од покраината Азија. Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од се срце ве поздравуваат.

20. Ве поздравуваат сите христијани. Поздравете се најсрдечно еден со друг.

21. Со своја рака ви пишувам: поздрави од мене, Павле.

22. Проклет нека биде оној што нема љубов спрема Господ! Мараната (Дојди Господе!)!

23. Господ Исус нека ви биде благонаклонет.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 16