Нов Завет

1 Коринтјаните 16:11-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Никој да не го потценува, туку испратете го со мир, за да дојде кај мене, зашто јас и браќата го чекаме.

12. Во врска со братот Аполос, јас многу го молев да дојде кај вас, заедно со другите браќа христијани, но тој не сакаше да тргне кај вас сега. Ќе дојде тогаш кога ќе има можност.

13. Бидете постојано будни и непоколебливи во она што го верувате; бидете храбри и силни.

14. Се што работите нека биде со љубов.

15. Сега, драги мои, ве молам за семејството на Стефан, првиот христијанин во Ахаја, кој се стави во служба на верните.

16. Слушајте ги таквите водачи како него и оние што работат и се трудат со него.

17. Многу се радувам што Стефан, Фортунат и Ахаик дојдоа кај мене, зашто така ми се пополни празнината што ја чувствувам за вас.

18. Тие ни донесоа утеха и поттик и мене и вам. Таквите луѓе заслужуваат посебно признание.

19. Ве поздравуваат црквите од покраината Азија. Акила и Приска, заедно со оние што се собираат во нивниот дом, од се срце ве поздравуваат.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 16