Нов Завет

1 Коринтјаните 16:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. А сега нешто во врска со доброволните прилози за христијаните во Ерусалим. Она што им го кажав на црквите во Галатија важи и за вас.

2. Секој прв ден во неделата, секој од вас нека издвои на страна дел од она што го заработил и нека го чува кај себе, за да не собирате прилози дури кога јас ќе дојдам.

3. Кога ќе пристигнам, ќе испратиме луѓе што вие ги сметате за достојни да го однесат во Ерусалим она што вие со љубов ќе го подарите, а ќе составиме и пригодни писма.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 16