Нов Завет

1 Коринтјаните 16:1-2 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. А сега нешто во врска со доброволните прилози за христијаните во Ерусалим. Она што им го кажав на црквите во Галатија важи и за вас.

2. Секој прв ден во неделата, секој од вас нека издвои на страна дел од она што го заработил и нека го чува кај себе, за да не собирате прилози дури кога јас ќе дојдам.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 16