Нов Завет

1 Коринтјаните 15:9-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Јас се сметам за најмал меѓу апостолите. Не заслужувам дури ни да се наречам апостол, бидејќи јас ја прогонував Божјата Црква.

10. Но, Бог ми беше милостиво благонаклонет, па станав тоа што сум и ја оправдав Неговата благонаклоност спрема мене. Работев најмногу од сите апостоли, иако за тоа не сум заслужен јас, туку Божјата благонаклоност спрема мене.

11. Сепак, не е важно дали проповедам јас или некој од другите апостоли. Важно е тоа што го проповедаме, и тоа што вие поверувавте.

12. Ако е јасно посведочено дека Христос воскресна од мртвите, како тоа некои од вас велат дека мртвите нема да воскреснат?

13. Ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш ни Христос не воскреснал!

14. А ако Христос не воскреснал, тогаш се без основа и нашето проповедање и вашата вера!

15. Зашто, би испаднало дека тоа што ние го кажуваме за Бог е лага, бидејќи ние сме сведоци дека Бог Го воскресна Христос; а ако е невозможно мртвите да воскреснуваат, тогаш значи Бог не Го воскреснал Христос!

16. Ако е невозможно мртвите да бидат воскреснати, произлегува дека ни Христос не бил воскреснат.

17. Ако Христос не бил воскреснат, тогаш вашата вера е безвредна - вие сте и понатаму под осуда на вашите гревови!

18. Тоа би значело дека и луѓето што починаа со вера во Христос се неповратно загинати!

19. Ако ние се надеваме на Христос само за овој живот, тогаш ние сме најмизерни од сите луѓе на светот!

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 15