Нов Завет

1 Коринтјаните 15:50-58 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

50. Драги мои, она што сакам да ви го кажам е дека телата од крв и месо не можат да го наследат Божјото царство. Тие се распадливи тела и како такви не можат да бидат жители на Божјото царство.

51. Ќе ви откријам една тајна: сите нема да доживееме физичка смрт, но сите ќе бидеме преобразени.

52. Тоа ќе се случи брзо, за еден миг на окото. Кога ќе се огласи последната труба, починатите Христови следбеници ќе бидат воскреснати во бесмртни тела, а ние што сме живи ќе бидеме преобразени исто така во бесмртни тела.

53. Неопходно е нашите распадливи тела да се преобразат во нераспадливи, и тоа што е смртно да се преобрази во бесмртно.

54. Кога нашите распадливи тела ќе се преобразат во нераспадливи, и смртното ќе стане бесмртно, тогаш ќе се исполни она што е напишано во Светото Писмо: “Смртта е уништена и победата е целосна!“

55. „О, смрт, каде е твојата победа? О, смрт, каде е твоето осило?“

56. Гревот е осилото на смртта, а силата на гревот почива врз одредбите на Божјиот Закон.

57. Но Бог ни даде победа над гревот и смртта преку нашиот Господ Исус Христос и треба да Му бидеме многу благодарни за тоа.

58. Затоа, драги пријатели христијани, бидете цврсти и непоколебливи, секогаш подготвени да го унапредувате делото Господово, свесни дека тоа што го работите за Господ нема да биде попусто.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 15