Нов Завет

1 Коринтјаните 15:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат,

23. но според утврдениот ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници.

24. Потем ќе дојде крајот. Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му го предаде царувањето на Таткото Бог.

25. Зашто Христос ќе владее се додека не ги собори и згази сите Свои непријатели.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 15