Нов Завет

1 Коринтјаните 15:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Драги пријатели христијани! Сакам да ве потсетам на Радосната вест што ви ја проповедав, која вие ја прифативте и која ви стана основа на верата.

2. Таа Радосна вест што јас ви ја проповедав ќе ви донесе спасение, доколку цврсто се држите до неа, освен ако немате празна или лажна вера.

3. Јас најпрвин ви ја пренесов најважната порака, онака како што и мене ми беше пренесена: Христос умре за нашите гревови, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо;

4. беше погребан и воскресна на третиот ден, согласно со предвестувањето запишано во Светото Писмо.

5. Воскреснатиот Христос му се јави на Петар и на дванаесетте апостоли,

6. а подоцна и на повеќе од петстотини Негови следбеници заедно, од кои повеќето се уште се живи, иако некои веќе починаа.

7. Потоа му се јави на Јаков, а на крајот повторно на сите апостоли.

8. Најпосле, по извесно време, ми се јави и мене, како на духовно недоносче.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 15