Нов Завет

1 Коринтјаните 14:35-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. Ако нешто не им е јасно, нека ги прашаат дома своите мажи. На жена не и прилега да говори на богослужба.

36. Божјото слово, драги христијани во Коринт, ниту започна од вас, ниту завршува кај вас!

37. Ако некој се смета за пророк или за духовен човек, ќе сфати дека овие работи што ви ги напишав се заповеди од Господ.

38. Ако некој го отфрла ова, Господ ќе го отфрли него!

39. Така, драги мои, бидете желни да пророкувате. Не забранувајте го зборувањето на непознати јазици,

40. но се мора да се прави пристојно и уредно!

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14