Нов Завет

1 Коринтјаните 14:29-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. И кога се пророкува, нека зборуваат двајца или тројца, а другите нека размислуваат за кажаното.

30. Ако некој од учесниците добие откровение од Бог, оној што зборува тогаш треба да заврши, па да почне другиот да зборува.

31. Така сите што пророкуваат ќе можат да зборуваат, но само еден по еден, за сите да можат да научат нешто и да се охрабрат.

32. Зашто и луѓето што пророкуваат треба да се воздржуваат и да си го чекаат својот ред!

33. Бог не сака безредие, туку сака се да се одвива во ред и мир, како што е во сите христијански цркви.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14