Нов Завет

1 Коринтјаните 14:17-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Вие можеби сте Му се заблагодариле на Бог на прекрасен начин, но во тоа нема поука за другите.

18. Благодарен сум Му на Бог што јас зборувам повеќе јазици од сите вас,

19. сепак во црквата претпочитам да кажам пет збора што сите ќе ги разберат и од нив ќе се поучат, отколку десет илјади зборови на јазик што никој не го разбира.

20. Драги пријатели христијани, немојте да се однесувате како да сте со детски ум! Во однос на злото, треба да бидете наивни како деца, но во расудувањето бидете со зрели умови.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14