Нов Завет

1 Коринтјаните 14:15-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Значи, што треба да правам? Да се молам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум! Да пеам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум.

16. Во спротивно, ако се молите само во својот дух, како може оној што не ве разбира да каже „Амин“ на вашите искажани благодарности, кога не разбира што сте рекле?

17. Вие можеби сте Му се заблагодариле на Бог на прекрасен начин, но во тоа нема поука за другите.

18. Благодарен сум Му на Бог што јас зборувам повеќе јазици од сите вас,

19. сепак во црквата претпочитам да кажам пет збора што сите ќе ги разберат и од нив ќе се поучат, отколку десет илјади зборови на јазик што никој не го разбира.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14