Нов Завет

1 Коринтјаните 14:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Затоа, кога сте веќе толку желни за духовни дарби, барајте такви дарби што ќе бидат најполезни за Црквата.

13. Оној што има дарба да зборува на туѓ јазик треба да се моли и за способност да им го преведе на слушателите.

14. Зашто, ако се молам на јазик што не го разбирам, мојот дух се моли, но мојот разум нема никаква полза од тоа.

15. Значи, што треба да правам? Да се молам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум! Да пеам со мојот дух, но да биде вклучен и мојот разум.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14