Нов Завет

1 Коринтјаните 14:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Љубовта нека ви биде највозвишената цел! Бидете желни и за духовни дарби, а посебно за дарба да пророкувате.

2. Зашто, кога некој зборува на непознати јазици, Бог ќе го разбере, но не и луѓето. Тоа што го зборува воден од Светиот Дух, ќе остане тајна за луѓето.

3. А оној што пророкува, им зборува на луѓето за да ги поучи, да ги опомене и да ги утеши.

4. Оној што зборува на непознати јазици, самиот себе се надградува, а оној што пророкува ги надградува сите што се во црквата.

5. Би сакал сите вие да имате дарба да зборувате на непознати јазици, но повеќе би сакал да умеете да пророкувате. Оној што пророкува извршува поважна служба од оној што зборува на јазици, освен ако има и превод, па луѓето во црквата да можат да се поучат.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 14