Нов Завет

1 Коринтјаните 13:4-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Да имаш љубов, значи: да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен. Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш.

5. Да не бидеш груб, да не бидеш себичен, да не бидеш избувлив, да не паметиш зло.

6. Да не се радуваш на ниедна неправда, а да се радуваш на вистината.

7. Секогаш да имаш разбирање за другите, секогаш да веруваш, секогаш да се надеваш и се да поднесуваш.

8. Љубовта е вечна, а пророкувањата ќе престанат, зборувањето на непознати јазици ќе молкне, сегашното знаење ќе се надмине.

9. Зашто, нашето знаење е нецелосно, па и пророштвата само малку ни откриваат;

10. а кога ќе дојде времето на совршенството, се што е нецелосно ќе исчезне.

11. Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете и расудував како дете. Кога станав зрел човек, престанав да се однесувам како дете.

12. Ние сега гледаме нејасно, како во замаглено огледало, а тогаш ќе бидеме лице в лице со Бог, и се ќе ни стане јасно. Се што знам сега е нецелосно, а тогаш се ќе знам совршено, како што мене Бог совршено ме познава.

13. Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 13