Нов Завет

1 Коринтјаните 12:1-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. А сега, драги пријатели христијани, сакам да ви напишам нешто и за духовните дарби, односно за даровите што Светиот Дух му ги дава на секој од нас, за да немате погрешна претстава по ова прашање.

2. Знаете дека кога бевте пагани вие бевте заведени и влечени кон обожавање на неми идоли.

3. Затоа сакам да ви кажам како да разликувате дали нешто е навистина од Бог: како што ниеден човек кој е воден од Божјиот Дух не може да Го колне Исуса, така и никој не може да исповеда дека Исус е Господ, доколку не е воден од Светиот Дух.

4. Постојат разни духовни дарби, но сите нив ги дава истиот Дух.

5. Постојат различни начини на кои секој од нас помага во Црквата, но сите ние работиме за истиот Господ.

6. Постојат различни начини на кои Бог дејствува во нашите животи, но преку сите нас работи истиот Бог.

7. Преку секој од нас, Светиот Дух дејствува за општа полза на сите.

8. На некои луѓе Светиот Дух им дал дарба мудро да зборуваат, на други им дал особено знаење.

9. Истиот Дух на едни луѓе им дава посебна вера, а на други - дарба да исцелуваат.

10. На некои луѓе им дава моќ да прават чуда, на други да пророкуваат; на некои луѓе им дава способност да распознаваат дали духот што зборува навистина е од Бог или не, на други да зборуваат на различни јазици, а на трети, пак, да преведуваат од различни јазици.

11. Сите овие нешта ги прави единствениот и истиот Свет Дух, Кој ги распоредува даровите онака како што лично Тој ќе реши. Споредба со органите во телото

12. Како што едно живо тело е составено од многу органи и сите тие многубројни органи сочинуваат едно исто тело, така е и со Црквата, која е Христово тело.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 12