Нов Завет

1 Коринтјаните 11:5-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. И секоја жена што се моли или пророкува гологлава, го срамоти својот поглавар, односно мажот, зашто тоа е исто како да и е избричена главата.

6. Ако некоја жена не сака да носи покривало на својата глава, тоа е како да е сосема истрижена! А бидејќи е срамно жените да бидат истрижени или со избричена глава, нека носат покривала.

7. Мажот не треба да носи покривало на главата бидејќи тој ја одразува Божјата слава и беше создаден според Божјиот лик. Жената пак, ја одразува славата на мажот.

8. Зашто првиот човек не беше создаден од жена, туку жената беше создадена од маж.

9. Не беше мажот создаден заради жената, туку жената заради мажот.

10. Затоа жените треба да носат покривала на главата како знак на потчинетост, бидејќи ангелите гледаат.

11. Но според Господ, ниту мажот е независен од жената, ниту жената е независна од мажот.

12. Како што жената потекнува од мажот, така и мажот дошол на свет преку жена, а Создател на се што суштествува е Бог.

13. Кажете сами, дали прилега жена да Му се моли на Бог без покривало на главата?

14. Зар самата природа не ве учи дека на мажот не му прилега да носи долга коса?

15. Од друга страна, за жената долгата коса е украс. Таа и е дадена како еден вид покривало на главата.

16. Но, ако некој има намера да се препира околу ова прашање, ниту ние, ниту другите Божји цркви немаме таков обичај.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 11