Нов Завет

1 Коринтјаните 11:28-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Секој прво нека се преиспита, а потоа нека јаде од лебот и нека пие од чашата принесена како Господова спомен-вечера.

29. Зашто, оној што зема учество во спомен-вечерата Господова, а нема правилна вера, разбирање и почит спрема телото на Господ, си навлекува осуда врз себе!

30. Затоа меѓу вас има многу слаби и болни, а некои дури и починаа.

31. Кога самите себеси би се преиспитувале, не би биле казнувани.

32. А кога Господ не кара и казнува, тоа е за да не поправи, па да не бидеме осудени заедно со неверничкиот свет.

33. Затоа, драги мои, кога се собирате да ја јадете Господовата спомен-вечера, причекувајте се!

34. Ако е некој гладен, нека јаде дома. Така вашите собирања нема да ви носат осуда. А за другите работи, ќе ви дадам упатства кога ќе дојдам.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 11