Нов Завет

1 Коринтјаните 11:11-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Но според Господ, ниту мажот е независен од жената, ниту жената е независна од мажот.

12. Како што жената потекнува од мажот, така и мажот дошол на свет преку жена, а Создател на се што суштествува е Бог.

13. Кажете сами, дали прилега жена да Му се моли на Бог без покривало на главата?

14. Зар самата природа не ве учи дека на мажот не му прилега да носи долга коса?

15. Од друга страна, за жената долгата коса е украс. Таа и е дадена како еден вид покривало на главата.

16. Но, ако некој има намера да се препира околу ова прашање, ниту ние, ниту другите Божји цркви немаме таков обичај.

17. За следното прашање, за кое ќе ви дадам упатства, не можам да ве пофалам, зашто се чини дека вашите собирања предизвикуваат повеќе штета одошто полза!

18. Пред се, слушам, а делумно и верувам во тоа, дека, кога се собирате на богослужби, меѓу вас има подвоеност.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 11