Нов Завет

1 Коринтјаните 11:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Следете го мојот пример, како што јас го следам примерот на Христос.

2. Мило ми е, драги пријатели, дека постојано сум ви во мислите и ве пофалувам дека точно го следите христијанското учење, онака како што ви го пренесов.

3. Но има нешто што сакам да го знаете: Секој маж има свој поглавар, а тоа е Христос, и секоја жена има свој поглавар, а тоа е нејзиниот маж. И Христос има свој поглавар, а тоа е Бог.

4. Секој маж што се моли или пророкува со покривало на главата го срамоти својот поглавар, односно Христос.

5. И секоја жена што се моли или пророкува гологлава, го срамоти својот поглавар, односно мажот, зашто тоа е исто како да и е избричена главата.

6. Ако некоја жена не сака да носи покривало на својата глава, тоа е како да е сосема истрижена! А бидејќи е срамно жените да бидат истрижени или со избричена глава, нека носат покривала.

7. Мажот не треба да носи покривало на главата бидејќи тој ја одразува Божјата слава и беше создаден според Божјиот лик. Жената пак, ја одразува славата на мажот.

8. Зашто првиот човек не беше создаден од жена, туку жената беше создадена од маж.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 11