Нов Завет

1 Коринтјаните 10:2-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Како следбеници на Мојсеј, тие беа крстени во морето, со Божјиот облак над нив.

3. Сите ја јадеа истата храна што ја добиваа на чудотворен начин,

4. сите ја пиеја истата вода што потече за нив на чудотворен начин, зашто тие пиеја од духовната Карпа која ги придружуваше. Таа „Карпа“ беше Христос.

5. Сепак, со повеќето од нив Бог не беше задоволен. Затоа тие изумреа, а нивните тела останаа расфрлени по пустината.

6. Тоа што им се случи е поука за нас, за да не посакуваме зли нешта, како што посакуваа тие,

7. да не станеме идолопоклоници, како што станаа некои од нив. За ова во Светото Писмо пишува: „Луѓето славеа со гозби и пијанки, а потоа заиграа пагански игри!“

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 10