Нов Завет

1 Коринтјаните 10:14-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Затоа, драги мои, пазете се од идолопоклонство.

15. Вие сте разумни луѓе и самите можете да расудите за ова што ќе ви го кажам.

16. Кога на Господовата вечера пиеме од чашата над која молиме Божји благослов, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовата крв? Кога го кршиме лебот и го јадеме, не земаме ли учество во придобивките што произлегуваат од Христовото тело?

17. Со тоа што јадеме од еден ист леб покажуваме дека сите ние сме едно тело.

18. Погледнете ги Израелците како народ. Тие, јадејќи од жртвите принесени на еден ист жртвеник, покажуваат дека се еден народ.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 10