Нов Завет

1 Јован 5:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Секој што е препородено Божјо чедо може да надвладее против светот. Таа победа против светот се постигнува преку вера во Христос.

5. Кој друг ќе го победи овој свет, ако не оние што веруваат дека Исус е Божјиот Син!?

6. Христос ни беше објавен како Божји Син преку Неговото крштавање во водата и преку пролевањето на Неговата крв на крстот. Не само преку вода, туку преку вода и крв. Светиот Дух ни сведочи за тоа, а Нему може да Му се верува.

7. Значи постојат тројца сведоци:

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5