Нов Завет

1 Јован 5:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Секој што верува дека Исус е Месијата, е препородено Божјо чедо. Секој што го сака Родителот, ќе ги сака и Неговите чеда.

2. По што знаеме дека ги сакаме Божјите чеда? По тоа што Го сакаме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди.

3. Да Го сакаме Бога значи да се придржуваме до Неговите заповеди без тие да ни претставуваат бреме.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5