Нов Завет

1 Јован 4:10-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Тоа е вистинска љубов. Не дека ние го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.

11. Драги мои, штом Бог покажа толкава љубов спрема нас, и ние треба да се сакаме еден со друг.

12. Никој никогаш не Го видел Бога, но ако еден со друг се сакаме, покажуваме дека Бог живее во нас и Неговата љубов целосно ќе се искаже преку нас.

13. Бог ни го даде Својот Дух како доказ дека сме во Него, а Тој во нас.

14. Со свои очи видовме и им сведочиме на луѓето дека небесниот Татко Го испрати Синот, Исуса, да биде Спасител на светот.

15. Секој што го прифаќа Исуса како Божји Син, го има Бога во себе, а и тој е во Бога.

16. Сега знаеме колку многу Бог не сака и имаме доверба во Него. Бог е љубов! Секој што ги сака луѓето е во единство со Бога, а и Бог е во него.

17. Ако искрено се сакаме и ако живееме онака како што живееше Исус, нема причина да се плашиме од Судниот ден.

18. Љубовта не остава место за страв. Совршената љубов го исклучува стравот, бидејќи стравот подразбира казна, а тој што се плаши нема искрена љубов.

19. Ние возвраќаме со љубов, зашто Бог прв не засака.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 4