Нов Завет

1 Јован 3:21-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Драги мои, кога имаме чиста совест можеме да пристапиме пред Бог со увереност.

22. Се што ќе побараме од Него, ќе добиеме, ако се држиме до Неговите заповеди и го правиме она што е во согласност со Неговата волја.

23. А Божјата заповед е да веруваме во Неговиот Син Исус Христос и да се сакаме еден со друг. Така ни заповеда и Исус.

24. Оние што се придржуваат до Божјите заповеди живеат во нераскинливо заедништво со Бог и Тој трајно живее во нив. Како знаеме дека Бог живее во нас? Доказ за тоа е Светиот Дух што ни го даде Христос.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 3