Нов Завет

1 Јован 1:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Ви пишуваме за Исус Христос, Зборот на животот, Оној што постои уште од самиот почеток. Со свои уши Го слушнавме, со свои очи Го видовме, со свои раце Го допревме.

2. Оној што дава живот се појави! Го видовме и подготвени сме да ви сведочиме за тоа. Сакаме да ви кажеме за овој вечен Живот што беше со небесниот Татко и се појави пред нас.

3. Ви го кажуваме она што го видовме и чувме, за да ни се придружите и вие во општењето што го имаме со Таткото и со Неговиот Син, Исус Христос.

4. Ви го пишуваме ова, за да биде целосна нашата радост.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 1