Стар Завет

Нов Завет

Захарија 5:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ги подигнав очите и видов: книжен свиток лета.

2. Ангелот ме праша: „Што гледаш?” Одговорив: „Гледам книжен свиток како лета: должината му е дваесет лакти, а ширината десет.”

3. Тогаш тој ми рече: „Тоа е проклетството што ќе ја зафати целата земја; отсега секој што краде ќе биде истеран според него оттука; и секој кој се колне лажно ќе биде истеран оттука според него.

Прочитајте целосна глава Захарија 5