Стар Завет

Нов Завет

Судии 12:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. тие му велеа: „Ајде, речи: Шиболет!” (клас). Тој велеше: „Сиболет,” зашто не можеше да изговори добро. Тогаш тие го фаќаа и го погубуваа при Јорданските Плиткости. Така загинаа четириесет и две илјади луѓе од Ефремовото племе.

7. Јефтај му судеше на Израел шест години. А кога Галадецот Јефтај почина, го погребаа во неговиот град, во Галад.

8. По него судија во Израел беше Авесан од Витлеем.

9. Тој имаше триесет синови и триесет ќерки, кои ги омажи од куќата, а на своите синови им донесе однадвор триесет жени. Тој му судеше на Израел седум години.

10. Потоа умре Авесан, и го погребаа во Витлеем.

11. По него судија во Израел беше Завулонецот Елон. Тој му судеше на Израел десет години.

12. Потоа умре Завулонецот Елон, и го погребаа во Ајалон во Завулоновата Земја.

13. По него судија во Израел беше Авдон, синот Елилов од Фаратон.

14. Тој имаше четриесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет ослиња. Тој му судеше на Израел осум години.

15. Потоа почина Авдон, синот Елилов од Фаратон, и го погребаа во Фаратон во Ефремовата Земја, во Амаликовата Гора.

Прочитајте целосна глава Судии 12