поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21

Стар Завет

Нов Завет

Судии 10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По Авимелеха стана Тола, синот Фуев, син Додов, за да го избави Израел. Тој беше од Исахаровото племе, а живееше во Самир, во Ефремовата Гора.

2. Му беше судија на Израел дваесет и три години, а кога умре, го погребаа во Самир.

3. По него стана Галатецот Јаир, кој му беше судија на Израел дваесет и две години.

4. Имаше триесет синови, кои јаваа на триесет ослиња и имаа триесет градови, што се наречени до денешен ден Јаирови Села, а се наоѓаат во Галадската Земја.

5. Кога умре Јаир, го закопаа во Камон.

6. Израелевите синови продолжија да прават зло пред Господовите очи. Им служеа на ваалите и на астартите, на арамејските богови и на сидонските богови, на боговите на Моавците и на боговите на Филистејците. А Го напуштија Господа и веќе не Му служеа.

7. Тогаш Господ пламна со гнев и ги предаде во рацете на Филистејците и Амонците.

8. Оттогаш тие ги угнетуваа и ги измачуваа Израелците осумнаесет години - сите Израелци кои живееја отаде Јордан, во Аморејската Земја, што е во Галад.

9. Потоа Амонците поминаа преку Јордан за да завојуваат и против Јуда и Венијамин, и против Ефремовиот дом, па Израел се најде во голема неволја.

10. Тогаш Израелевите синови извикаа кон Господа, велејќи: „Грешевме кон Тебе зашто Го оставивме Господа, нашиот Бог, за да им служиме на ваалите.”

11. А Господ им одговори на Израелците: „Нели ве угнетуваа Египетците и Аморејците, Амонците и Филистејците,

12. Сидонците, Амаликците и Маонците? Но кога извикавте кон Мене, нели ве избавив од нивните раце?

13. А вие ме оставивте Мене и почнавте да им служите на други богови. Заради тоа не ќе ве избавам веќе.

14. Одете и викајте им за помош на оние богови што сте ги избрале! Тие нека ве избават од вашата неволја!”

15. Израелевите синови Му одговорија на Господа: „Согрешивме! Прави со нас што Ти е угодно, само избави нè денес!”

16. И ги отстранија туѓите богови и почнаа пак да му служат на Господа. А Господ веќе не можеше да трпи Израелците да патат.

17. Кога Амонците се собраа и се влогорија во Галад, се собраа и Израелците и се влогорија во Миспа.

18. Тогаш народот и галадските началнци си рекоа едни на други: „Кој човек ќе нè поведе во бој против Амонците, нека биде началник на сите жители на Галад.”