поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21

Стар Завет

Нов Завет

Судии 21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израелевите луѓе се заколнаа вака во Миспа: „Никој од нас не ќе даде своја ќерка за жена на Венијаминов син.”

2. И народот отиде во Ветил и остана таму пред Господа до вечерта, тажејќи и плачејќи.

3. Зборуваа: „Зошто, о Господи, Израелев Боже, требаше да се случи оваа несреќа, за да му снема денес едно племе на Израел?”

4. Утреден луѓето поранија и изградија таму жртвеник; принесоа паленици и помирителни жртви.

5. Тогаш Израелците прашаа: „Има ли некое од сите Израелеви племиња што не дошло на собирот при Господа?” Зашто свечено се заколнаа дека ќе го погубат оној, кој не ќе дојде во Миспа при Господа.

6. На Израелците им се сожали за братот Венијамин, та рекоа: „Денес е откинато едно племе од Израел.

7. Како ќе им дадеме жени на оние кои останаа, кога Му се заколнавме на Господа дека не ќе им даваме свои ќерки за жени?”

8. Затоа прашаа: „Има ли некој од Израелевите племиња што не дошол при Господа во Миспа?” И се покажа дека никој од жителите на Јавис Галадски не дојде во логорот, на собирот.

9. Зашто кога народот се преброи, таму немаше никого од жителите на Галадски Јавис.

10. Затоа заедницата испрати таму дванаесет илјади храбри луѓе и им заповеда: „Идете и исечете ги со остри мечеви жителите на Галадски Јавис, заедно со жените и децата.

11. Еве што ќе направите: ќе ги предадете на проклето погубување сите мажи и сите жени, кои делеле постела со маж, но ќе го запазите животот на девиците.” Така и направија.

12. И најдоа меѓу жителите на Јавис во Галад четири стотини млади девојки, кои не делеле постела со маж, и ги доведоа во логорот во Сило, што е во Ханаан.

13. Тогаш сето општество им испрати пратеници на Венијаминовите синови, кои беа на Римонската Стена: им објавија мир.

14. Така се созеде Венијамин. Им ги дадоа оние од жените, од Галадски Јавис, кои ги оставија во живот, но не ги имаше достатно за сите.

15. На народот му се нажали за Венијамин, зашто Господ направи празнина меѓу Израелевите племиња.

16. ”Како ќе им најдеме жени на оние што останаа - рекоа старешините на општеството - зашто се истребени жените на Венијамин?”

17. И рекоа: „Како да биде запазен остатокот на Венијамина, за да не биде сотрено едно племе од Израел?

18. А не можеме да им ги дадеме нашите ќерки за жени.” Зашто се беа заколнале, велејќи: „Проклет да биде оној кој ќе му даде жена на Венијамин!”

19. ”Но - рекоа - Господов празник се слави секоја година во Сило.” Градот се наоѓа северно од Ветил, источно од патот што води од Ветил во Сихем и јужно од Левона.

20. И затоа ги посоветуваа Венијаминците: „Отидете во заседа по лозјата.

21. Внимавајте, па кога девојките од Сило ќе излезат да играат во танец, вие излезете од лозјата, грабнете си секој за себе жена од силоските ќерки па одете си во Венијаминовата Земја.

22. А кога нивните татковци и нивните браќа ќе дојдат да се жалат на вас, ние ќе им речеме: Простете им заради нас, зашто не им зедовме за секој по една жена во војната; а и сега вие не им ги дадовте, па да бидете виновни.’”

23. Венијаминовите синови направија така, и од девојките кои ги грабнаа зедоа онолкав број жени колку што ги имаше нив. Тогаш си отидоа и се вратија секој во своето наследство, пак изградија градови и се населија во нив.

24. Тогаш Израелците се разотидоа, кој во своето племе и во својот род, и секој оттаму се врати во своето наследство.

25. Во тоа време немаше цар во Израел, и секој го правеше тоа што му се чинеше дека е справедливо.