поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21

Стар Завет

Нов Завет

Судии 14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И Самсон слезе во Тамнат и здогледа таму девојка од филистејските ќерки.

2. Откако се врати, им го довери тоа на таткото и на мајката: „Забележав во Тамнат - рече тој - девојка од филистејските ќерки: оженете ме со неа.”

3. Таткото и мајката рекоа: „Зар нема девојки меѓу ќерките на твоето племе и во сиот наш народ, па ти одиш да земеш жена од необрезаните Филистејци?” Но Самсон му одговори на татка си: „Ожени ме со неа, зашто таа ми замиле.”

4. Таткото и мајката не знаеја дека тоа е од Господа, Кој бараше закачка со Филистејците, зашто во тоа време Филистејците владееја над Израел.

5. Така Самсон слезе во Тамнат и кога дојде во Тамнатските Лозја, ете - одненадеж пред него скокна млад лав, рикајќи.

6. Господовиот Дух го опфати Самсона и тој голорак го раскина лавот, како што се раскинува јаре; но не им кажа ни на таткото ни на мајката што направил.

7. Откако дојде, разговараше со девојката, и така му замиле.

8. По некое време, кога се врати да ја одведе, Самсон сврти за да го види мртвиот лав, а ете во мртвиот лав рој пчели и мед.

9. Тој зеде мед во рацете, и го јадеше одејќи патем. Кога се врати при таткото и при мајката, им даде и ним, па и тие јадеа, но не им кажа дека го зел од мртов лав.

10. Потоа отиде кај жената, и таму му приготвија гозба на Самсона; траеше седум денови, зашто таков обичај имаа младоженците.

11. Но бидејќи се плашеа од него, избраа триесет свадбени другари да бидат покрај него.

12. Тогаш Самсон им рече: „Ајде да ви дадам загатка. Ако ја отгатнете во текот на седумте свадбени денови, ќе ви дадам триесет ленени кошули и триесет свечени облеки.

13. Но ако не можете да ја отгатнете, вие ќе ми дадете мене триесет ленени кошули и триесет свечени облеки.” „Кажи ни ја загатката - му одговорија тие - ние те слушаме.”

14. А тој им рече: „Од оној што јаде излегло јадење, од силниот излезе слатко.” Но за три дни не можеа да ја отгатнат загатката.

15. На четвртиот ден и рекоа на Самсоновата жена: „Извлечи го од мажот, со измама, решението на гатанката, или ќе ве спалиме и тебе и татковиот ти дом! Зар нè повикавте тука, за да не ограбите?”

16. Тогаш жената, расплакана, пред него рече: „Ти само ме мразиш, и не ме љубиш. Им даде гатанка на синовите на мојот народ, а мене не ми ја објасни.” Тој и одговори: „Не им ја објаснив ни на таткото ни на мајката, па тебе ли ќе ти ја објаснам?”

17. Таа му плачеше околу вратот седум денови, колку што траеше гозбата. На седмиот ден тој и ја кажа, зашто му досади многу. А таа им ја кажа на синовите на својот народ.

18. На седмиот ден, пред зајдисонце, луѓето од градот му рекоа на Самсона: „Што има послатко од мед и што има посилно од лав?” А тој им одговори: „Ако не оравте со мојата јуница, не ќе ја погодевте гатанката.”

19. Тогаш Господов Дух дојде на него, па тој слезе во Аскалон и таму уби триесет луѓе, им ја зеде облеката и им даде свечени облеки на оние, кои ја отгатнаа гатанката, а тогаш сиот гневен се врати во татковата куќа.

20. А Самсоновата жена му ја дадоа на другарот, кој му беше свадбен придружник.